Кога Хана ја пее „Proud“, а мама Тамара гордо ја слуша (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

„Proud“ одекна на многу светски јазици, но само еден успеа да го победи оригиналот отпеан на англиски од силниот вокал на Тамара Тодевска.


„Кога ќерка ти ќе ја отпее песната што си ја создала за неа“, напиша пејачката која сподели видеоснимка на која 2-годишната Хана ја пее песната што мајка ѝ ѝ ја посвети токму нејзе.

Нашата претставничка на 64 Евровизија Тамара Тодевска со песната „Proud“ ни ја донесе историската победа според гласовите на жирито и седмото место во конечниот редослед, што е најдобар пласман на Македонија досега.

А, ова е најдобро испеаната „кавер“ верзија на песната… Вака звучи и изгледа кога Хана ја пее „Proud“, а мама Тамара гордо ја слуша.

Видеото поглендете го ТУКА.

Пред Евровизија прекрасната Хана наполни 3 години.

Тодевска често на социјалните мрежи споделува фотографии и видеа од Хана, а таа учествува и во спотот за евровизиската песна.

Мама Тамара преку социјалните мрежи и го честиташе роденденот.

„3 години среќа, радост, љубов. Среќен роденден Хана моја, те сака мама највише на свет“ стои во описот на фотографијата.

Пред неколку месеци, Тамара и нејзиниот сопруг Александар го добија и синот Дарен.