Семејство посвоило мече кога имало само 3 месеци: Миленичето од 130 килограми сега јаде со нив и заедно гледаат телевизија (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Светлана и Јуриј Пантеленко од Русија го вдомиле мечето Степан кога било само три месеци старо. Сега, ова необично домашно милениче од 130 килограми јаде со нив и седи на каучот додека заедно гледаат телевизија.

“Останал без родители, беше сам во шумата, а нас нѝ беше жал за него”, изјавила Светлана.

Мечката денес има 26 години и тежи 130 килограми, а кога ќе се исправи на задните нозе, достигнува висина до 2,1 метар.

Степан дневно јаде по 25 килограми риба, зеленчук и јајца, а со сопствениците често знае да седи на каучот и да гледа телевизија. Мечката му помага на парот и во одгледување на градината која тие ја имаат во дворот.

Светлана и Јуриј велат дека Степан е многу поврзан со нив, сака луѓе и воопшто не е агресивен.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.