21 часот и 27 минути. Ова е времето кога Пино Секондо на 10 декември лани излегол од дома од куќата во Петровец. Со својот автомобил шкода фабиа се уклучил на главниот пат во населбата и се упатил кон автопатот велес скопје. По автопат вози околу 10 километри поминува покрај Мралино, Кадино, Идризово, Трубарево села кои се покрај патот. На крстосницата каде се дели патот кон Скопје и Обиколницата тој ја бира Обиколницата, односно воопшто не влегол во градот. Од приклучокот на обиколницата до населбата Ѓорче Петров има околу 30 километри возење. Толку возејќи со својот автомобил поминал и Пино, најверојатно сам во возилото бидејќи така му рекол и на татко му. По ова стигнал до првата цел улицата 1596 во Ѓорче Петров, каде веќе го чека девојката со која веќе некое време се гледал.
Еден час по излегувањето од дома е последната снимка од уличните камери на „сејф сити“. Околу 22 часот и 40 минути возилото на Пино за последен пат е лоцирано на излезот од Ѓорче каде патот се дели кон Сарај, Тетово и обиколница. Кој ја вози шкода фабијата и дали има и совозач и други патници во него на снимката не се гледало. Вака го раскажуваа последното патување на Пино неговите родители.
Што се случувало тие три часа за сега нема одговори. На 29 април годинава само скел**от бил пронајден затрупан во дупка длабока 30 сантиметри, покриен со кебе и камења. Од судска медицина велат дека се донесени коски, а со помош на днк и антрополошка анализа е дојдено до идентитетот. Се споредувале материјали од еден родител со примероци од скеле**т. И покрај тоа што полицијата поднесе кривични пријави за 22 годишната девојка која последна го видела Пино и за осомничениот 27 годишен Али Ф, сепак обвинителстовото отвори истрага само за момчето.
Девојката беше на распит два пати во обвинителството, но за сега основи за сомневање има само за едно лице. Доказите со кои располагаме укажуваат дека делото го извршил само Ф.А. Не е исклучена можноста да се отвори истрага и за девојката но само доколку се дојде до релевантни докази, соопштуваат од ОЈО.
Телма контактираше и со мајката на Пино, Маја Трпковска. Таа се сомнева во полиграфското испитување на девојката кое не покажало ништо сомнително. Уште во март кога даде интервју за емисијата КОД беше убедена во можната вмешаност на девојката.
Главниот осомничен за сега не е достапен за полицијата и обвинителството, распишана е централна потерница а никој не открива дали има евиденција дека тој ја напуштил земјава во послениве шест месеци. Девојката е пуштена дома. Се уште нема траг од Шкода фабијата на која обвинителството се надева дека ќе најде биолошки траги како докази. Никој не ги открива ниту мотивите кои го натерале осомничениот на ваков чекор. Јавноста пак се уште е во шок од епилогот на шестмесечната неизвесност со исчезнувањето на 26 годишниот Пино Секондо.
Извор: telma.mk
Пишува: Билјана Николовска