Нови паркинг зони од денеска во Аеродром и во Центар

ИЗВОРСкопје24
|

Од денеска ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ќе почне со работа на две нови паркинг зони. Едната зона е зона Б10, лоцирана кај новата зграда на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје и Кале. Зоната ќе биде исклучиво за комерцијална употреба и еден час паркирање ќе чини 35 ден. При паркирање, потребно е да се испрати СМС порака на бројот 144 144, со содржина: Пр. „Б10 СК1234АА“, односно: зона, празно место, регистарска ознака.

При напуштање на паркинг зоната, потребно е да се испрати СМС порака со содржина: „С“, со цел стопирање на активната паркинг сесија. Во спротивно, ќе се изврши наплата со автоматското исклучување на паркинг сесисијата на наведената зона.

СМС пораките треба да бидат испишани на латинично писмо и испратени исклучиво од мобилен телефонски број на македонски оператор.

Другата зона што исто така отпочна со работа од денес е паркинг зона Д2, лоцирана кај „Три Бисери“ во Аеродром. Зона Д2 ќе биде за комерцијална употреба: час паркирање, со цена од 25 денари на час. Исто така, ќе се издаваат и дозволи за паркирање за вработени, правни и физички лица, како и за станари. Сите наведени категории на корисници за да се стекнат со право на паркирање, потребно е да достават комплетна документација во канцелариите на Кол Центар Аеродром, позади ТЦ „Бисер“ од 1 до 30 јуни.

Работното време на зоните ќе биде од 7 до 23 од понеделник до сабота.

„За сите потребни информации за зона Б10, ги молиме граѓаните да се обратат на телефонскиот број: 02 321 55 66. За зона Д2, ги молиме граѓаните да се обратат на телефонскиот број: 02 244 33 66 и на нашата веб страна: www.gradskiparking.com.mk, се наведува во соопштението.