Денеска времето во нашата земја ќе биде променливо облачно и нестабилно, изјави прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Според УХМР денеска се очекуваат поројни врнежи од дожд и грмежи, а локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град на одредени места.
Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени Целзиусови, а максималната дневна температура ќе се движи од 15 до 26 степени.
Во Скопје и околината во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец, а во вечерните часови се почекува појава на дожд и грмежи.
До четврток во Република Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.
Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи низ земјава.