Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 мај.
Денеска е Св. маченик Талалеј.
Овој Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар.
Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници. Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стапалата на светиот, па најпосле џелатите мораа да му ја от*ечат главата.
Така пострада свети маченик Талалеј во 284 година.