Ќе го бодриме Вардар на плоштад, ама на српски

ИЗВОРСкопје24
|

Во еуфоричен статус на „Фејсбук“ вчера веднаш по победата на Вардар над Барселона, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека денеска финалето ќе може да се следи групно на плоштад на голем видеобим.

Да, ќе го следиме наптреварот на бим, арно ама пак ќе навиваме со момците од Арена Спорт 2. Не дека на некој фан на Вардар тоа му пречи, бидејки навиваат како да се Комити но, срамот е што не се најде јунак, не се роди, меѓу сите тие македонски телевиизии, па да се соберат доволно средства и барем финалето да заврши на македонска телевизија.

ГРАД СКОПЈЕ ВЕ ПОВИКУВА ЗАЕДНО ДА НАВИВАМЕ ЗА РК ВАРДАР!Каде: Плоштад МакедонијаКога: 18.00 часотЗа кого: За Вардар!

Gepostet von Град Скопје am Sonntag, 2. Juni 2019

Ни случајно да не го пренесувате Вардар. Може не дај Боже да се зајакне националното чувство!, напиша на фејсбук Рубенс Муратовски, актер и жесток навивач на Вардар.