Вардар по втор пат стана европски ракометен првак, а еуфоријата беше и сеуште е присутна насекаде. Легендарниот пејач Стинг, кој вчеравечер непосредно по победата имаше концерт во Скопје, прифати да направи нешто што никој не го направил претходно, го одложи својот настап за половина час, со цел сите фанови да можат да го изгледаат натпреварот па да дојдат на концерт.
Стинг беше дел од ракометната магија, а по крајот на финалето, „Авалон продукција“, која го донесе кај нас, му подари сопствен дрес од РК Вардар со неговото име и бројот 51.
„Првата честитка за ВАРДАР од СТИНГ лично – од бекстејџ, минута по завршување на мечот!
Го чувавме дресов до крај!
Ајде сега сите на Градски!
Фото на годината, чиста историја!“ – напишаа од Авалон
Првата честитка за ВАРДАР од СТИНГ лично – од бекстејџ, минута по завршување на мечот!Го чувавме дресов до крај!Ајде сега сите на Градски!Фото на годината, чиста историја!
Gepostet von Avalon Produkcija am Sonntag, 2. Juni 2019
И претседателот Стево Пендаровски синоќа оствари средба со музичката легенда Стинг, и тој му подари неколку цедиња со македонска рок музика, како и првиот том од Македонската рок енциклопедија.
-Средба со Sting, еден од најдобрите музичари во светот кој со своите песни инспирирал и инспирира генерации. Човек пред своето време, уметник, толку голем, а така скромен.
Вечерва Скопје ќе ужива во безвременските хитови.
Со Бети и Огнен, на Стинг за спомен му подаривме колекција македонски рокенрол плочи и ЦД-а, како и ,,Македонска РОК енциклопедија” и му посакавме незаборавен концерт, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.