Најнова информација: Вардарци пристигнуваат попладнево

ИЗВОРСкопје24
|

Раководните лица на Вардар успеаја да ја променат денешната агенда на новиот европски шампион, и побрзо од предвиденото ќе се вратат во македонската престолнина.

Според последните најави ќе биде организиран чертер лет и вардаровите херои наместо на полноќ, во Скопје ќе пристигнат во 16:15 часот, и од аеродром ќе се упатат до плоштадот „Македонија“, каде ќе им биде организиран достоен пречек.

Вардар со две моќни партии во Келн по вторпат во својата историја се искачи во кровот на ракометна Европа. Во синоќешното финале македонскиот тим со 27-24 беше подобар од големиот ривал Веспрем, додека во полуфиналето ја изненади Барса.

Лудилото во соблекувалната на Вардар по освоената европска титула

Најдобриот македонски ракоеметен состав Вардар по вторпат во својата историја ја освои титулата во Лигата на шампионите и тоа откако во Келн ги среди фаворизираните Барселона и Веспрем.

Ова дефинитивно беше круна на оваа сезона за „црвено-црните“ кои уште еднаш потврдија дека се страшен колектив кој може да ги надмине сите проблеми. Ваква беше атмосферата во соблекувалнатата на вардарци откако беше покорена Европа.

Gepostet von RK Vardar am Sonntag, 2. Juni 2019

Заев: Уште еден македонски блесок во Европа!

После победата на нашиот ракометен шампион Вардар, на Фејсбук профилот честиташе и премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

„Уште еден македонски блесок во Европа! Алал да ти е Вардаре, победуваш и обединуваш, радост си најголема за нашиот народ. Ве чекаме во Скопје!“ , стои во фејсбук статусот на Премиерот Зоран Заев.

Македонскиот шампион Вардар е повторно новиот европски ракометен шампион.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).

Играчите на Роберто Парондо играа одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните“ губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа Вардар слави со огромна победа.

Нашите шампиони прикажаа извонредна игра првото полувреме што произведе водство од пет гола разлика.
Со почетокот на второто полувреме Веспрем се обиде да го ископира Вардар и успеа да намали на два гола разлика, но Вардар набрзо попушти и повторно ја зеде Европската титула.