Илда Шаулиќ за првпат се огласи во јавност по заминувањето на татка си, пејачот Шабан Шаулиќ, и со солзи во очите говореше за тоа како ги преживеала тешките моменти.
-Тоа е болка за цел живот и ништо повеќе нема да биде исто. Беше голем човек и остана како легенда. Му благодарам за се и што ни остави песни низ кои засекогаш ќе живее. Иако сум слаба на татко ми, бев стабилна кога тоа се случи. Искрено, не знам од каде наоѓав сила – раскажува Илда во емисијата „Балканска улица“.
Таа се присети и на нивниот последен разговор, само ден пред да не напушти засекогаш.
-Тоа беше сабота кога се подготвуваше да тргне за Германија на настап. Јас бев во студио и работев на нова песна. Инаку немав обичај да го известувам дека снимам. Меѓутоа, тој ден баш сакав да му се јавам. Тој одговори и беше супер расположен. Му реков јас: „Ајде вклучи камера, долго не сум те видела“. Фала му на Бога што го фатив барем тој момент да го видам, вели Илда со солзи во очите.
„Се уште не сум ги слушала неговите песни, се уште не можам. Боже, плачев на неговите песни додека уште беше жив, сега ќе плачам со некоја друга емоција“, истакна Илда.