Ова бебе е дефинитивно најмалиот и најслаткиот навивач на „Вардар“.
Има само 4 месеци и безрезервна поддршка за вардарци. Како и цела Македонија, така и тој се радува што Вардар е на врвот на ракометна Европа.
Македонскиот шампион Вардар е нов европски ракометен шампион. Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).
За „црвено-црните“ ова е втора титула европски шампион по таа во 2017 година. Одиграа неверојатен меч, покажаа храброст и оставија срце на терен и уште еднаш ја израдуваа ракометна Македонија.
А, ова бебе ги собра сите симпатии, како најмал навивач, кој еден ден сигурно ќе ги бодри вардарци на трибини!