ЕХФ му се извини на Стинг: Дојди наредна година да пееш во Келн, за да немаш ваква мака!

ИЗВОРСкопје24
|

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) упати извинување до популарниот пејач Стинг поради тоа што Вардар мораше да го одложи неговиот концерт во Скопје за малку подоцна истиот ден.

Музичката суперѕвезда реши да почне со концертот нешто подоцна од предвиденото поради финалето во ракометната Лига на шампиони.

ЕХФ – Европскиот ракометен сојуз ја објави сликата од вчера!Вчера изгледа стварно беше историски ден!Македонија заслужува радости!

Gepostet von Avalon Produkcija am Montag, 3. Juni 2019

Стинг беше дел од ракометната магија, а по крајот на финалето, „Авалон продукција“, која го донесе кај нас, му подари сопствен дрес од РК Вардар со неговото име и бројот 51.

„Првата честитка за ВАРДАР од СТИНГ лично – од бекстејџ, минута по завршување на мечот!

Го чувавме дресов до крај!

Ајде сега сите на Градски!

Фото на годината, чиста историја!“ – напишаа од Авалон

Првата честитка за ВАРДАР од СТИНГ лично – од бекстејџ, минута по завршување на мечот!Го чувавме дресов до крај!Ајде сега сите на Градски!Фото на годината, чиста историја!

Gepostet von Avalon Produkcija am Sonntag, 2. Juni 2019

И претседателот Стево Пендаровски синоќа оствари средба со музичката легенда Стинг, и тој му подари неколку цедиња со македонска рок музика, како и првиот том од Македонската рок енциклопедија.

-Средба со Sting, еден од најдобрите музичари во светот кој со своите песни инспирирал и инспирира генерации. Човек пред своето време, уметник, толку голем, а така скромен.
Вечерва Скопје ќе ужива во безвременските хитови.

Со Бети и Огнен, на Стинг за спомен му подаривме колекција македонски рокенрол плочи и ЦД-а, како и ,,Македонска РОК енциклопедија” и му посакавме незаборавен концерт, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.