Авионот со експедицијата на Вардар конечно слета на меѓународниот аеродром во Скопје.
Сега ракометарите ќе прослават пред аеродромот со насобраните навивачи, а потоа со панорамските автобуси на ЈСП ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ каде веќе ги чекаат илјадници навивачи кои се подготвени за луда прослава на шампионската титула.