Многумина честопати го игнорираат својот внатрешен глас, бидејќи не веруваат во него. Од друга страна, има и такви на кои им служи како моќно оружје при донесувањето на правилните животни одлуки.
Што велат астролозите на оваа тема? Кои зодијачки претставници најдобро го користат внатрешниот глас во сопствена полза?
Ова се хороскопските знаци кои интуицијата никогаш не ги лаже:
Стрелците се најдобри во разликувањето на доброто од злото. Тие секогаш прво ќе се послушаат себеси, а дури подоцна туѓото мислење. Неретко и го отфрлаат. Ѝ дозволуваат на интуицијата да ги води низ животот во целост, бидејќи сметаат дека тоа е единствениот исправен пат.
Рибите се од мали длабоко поврзани со својата интуиција. Кога се во состојба на комплетен духовен мир, тие го слушаат сопствениот ум и разговараат самите со себе. Така ги донесуваат важните одлуки. Секогаш го следат она што им го говори внатрешниот глас, а посебна важност придаваат на толкувањето на соништата.
Скорпиите имаат висока интелигенција, па интуицијата ја користат за да ги „прочитаат“ другите луѓе. Поради склоноста да манипулираат и ризикуваат, тие понекогаш се противат и го занемеруваат внатрешниот глас, но умее да им се најде во моментите кога вистински е потребно.