Шабан сокрил 2 милиони евра од децата и Гоца: Ова се условите да им се пристапи на парите

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачот на народна музика Шабан Шаулиќ поседувал тајна сметка во банка во Германија, каде го изгуби животот по враќање од настап.

Имено, тој на сметка сочувал околу 2 милиони евра, а оваа заштеда наводно ја криел од сопругата Гордана Шаулиќ, но и од децата.

За време на целата кариера на Шабан, неговата сопруга Гоца работеше со парите и се сама распоредуваше. Таа ги водеше сите негови состаноци, закажуваше и договараше настапи и на крај решаваше што ќе прави со неговите хонорари.

Шабан меѓутоа сам тргаше на страна дел од парите кои ги ставаше на сметка во банка. Така сакаше да се осигура за секој случај. Не само себе, туку и семејството – вели пријател на Шабан за Скандал.

Тој потоа објаснил дека сопругата на пејачот може да пристапи на сметката, само ако со неа е адвокат.

Целиот бакшиш од ромските свадби, кој беше голем, го ставаше таму. Шабан тоа го чуваше во Германија и тие пари не ги пипаше. Тие пари сега им припаѓаат на Гоца и нивните деца и тие тоа мора да го решат со адвокатите – навел пријателот на Шабан.