Маргарет Галагер речиси 80 години живее без приклучоци за струја , вода или интернет и вели дека ништо не би сменила.
Кога се родила во 1942 во округот Форманах, во близина на ирската граница, имало голем број домаќинства без струја и вода. Сите соседи направиле приклучоци во 50 – тите години на минатиот век , но тие не можеле поради заминувањето на мајка и и тешката болест на татко и. Сега Маргарет има 77 години и живее одвоена од сите приклучоци.
,, Живем вака зашто ми се допаѓа. Не сум некоја што тоа го пртави од мода.Моето детство заврши на десет години.Ми по*ина мајка ми , а татко ми беше неподвижен поради артритисот. Немавме финансиски средства за да воведеме вода или струја.” , раскажува Галагер.
Откако починал татко и во 1980 , таа сама продолжила да живее во куќата од 18. век. Вели дека и е потребна физичка сила за да си обезбеди нормален живот. Така по 10 пати дневно оди по вода на бунарот преку полињата.
Секое утро пали оган за да има каде да готви , а секој ден сече дрва за огнот. Вели дека сепак не и е тешко и дека ужива во мирот и тишината и во задоволството што не може да се плати со пари.