Се зборуваше дека Елена Велевска има нова љубов, но таа со една фотографија ја откри вистината

ИЗВОРСкопје24
|

Фолк пејачката Елена Велевска пред неколку месеци одлучи да стави крај на бракот, а потоа како што изјави самата пред камери, со сопругот Марјан решиле да си дадат втора шанса со тоа што се смириле.

Не се покајав што му дадов втора шанса на сопругот, работиме на бракот, децата се во нашиот фокус на вниманието и сметам дека успеавме да ги надминеме сите проблеми. Јас по природа сум голем хуманист, им помагам на сите, затоа и сакав да му помогнам на мојот брак и да го спасам и мислам дека ја донесов вистинската одлука” – изјави фолкерката и додаде дека во животот е многу тешко истовремено да бидеш и успешна на сите животни полиња.

И покрај ваквата нејзина изјава, во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ беше објавено дека сопругот на Елена веќе извесно време живее во Австралија, каде живеше и пред да се венча со пејачката, за потоа да се појават и шпекулации дека Велевска има ново момче.

Според објавениот прилог, на американската турнеја нејзиното срце било освоено од обожавател со кој им се случила љубов на прв поглед, а потоа и подарил ружи. Па така, од обожавател, мистериозниот богат Американец со македонско потекло кој наводно имал три фабрики, станал новата љубов во животот на Велевска.

Пејачката не остана имуна на ваквите пишувања па кусо ги демантираше:

Се она кое што го читате овие денови за мене е вистина колку што сум трудна по четврти пат, реагираше Елена Велевска.

Вчера, на профилот на Елена се појави уште еден демант и тоа со фото-аргумент дека пишувањата за новата љубов не се точни. Поводот беше роденденот на нејзиниот сопруг Марјан за што во прилог на нивната заедничка фотографија таа напиша:

-Среќен роденден љубов, му честиташе Елена на сопругот, а со тоа на медиумите им стави јасно до знаење дека бракот сепак не и е на стаклени нозе, а од приказната за новото момче нема ништо.

Инаку, Елена и Марјан имаат три деца, а во јануари 2018 година пејачката посака да биде повторно бремена.