Вардар направи голем успех и Македонија како и претходниве неколку денови, се уште е во еуфорија.
Црвено-црните донесоа огромна радост кај сите Македонци, а така двете Македонки Нев Нешкоска и Калина Нешкоска објавија дел од песна која тие ја напишале посветена на големиот успех на Вардар.
Објавениот дел звучи одлично и со нетрпение чекаме да ја слушнеме целата верзија. БРАВО ДЕВОЈКИ!
https://www.facebook.com/NevenaNesko/videos/10162007319290486/
Вардар е европски ракометен шампион. На врвовот на Европа по втор пат за само три години. Иако соочени со сите проблеми, златните вардарови момчиња покажаа дека за шампионска екипа не се потребни само пари… Дека може и без нив да се биде најдобар на стариот континент, ако имаш силна волја, изразена желба за успех, тимски дух, ако си екипа сплотена, која дише и функционира како еден организам!
Но, шампионската европска круна на „Вардар“ покажа и нешто друго, нешто што само овде, во Македонија е можно. Да ги сплоти професионалците не само како тим, туку како вистински другари, како браќа иако доаѓаат од различни земји, припаѓаат на различни националности, религии, култури…
Различните знамиња на рамениците, околу појасот или во рацете на играчите на шампионскиот трон, или уште повеќе, прегратката на Србинот Дејан Милосављев и Хрватот Игор Карачиќ по финалниот меч се слики кои говорат повеќе од илјада зборови. Овековечени моменти кои покажуваат и докажуваат дека колку до вчера не можното на „крвните непријатели“ од балканското воено лудило, само македонското срце и душа можат како со волшебно стапче да ги претворат во најдобри пријатели, во другари, браќа, шампиони…!
Затоа „Вардар“ и не е само обичен клуб, а Македонија обична мала држава на југот од Балканот… Затоа „Вардар“ е клубот од соништата, а Македонија земјата на чудата… И спортски и човечки. ОГГОМНО БРАВО ЗА ВАРДАР!