Шеик ја кити Адријана Алачки како невеста (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Адријана Алачки објави фотографија од нејзиниот престој во Обединетите Арапски Емирати. Поранешната водителка која има свое кулинарско телевизиско шоу беше гостинка кај шеикот на кој му подготви традиционални македонски јадења, а на социјалните мрежи објави интересна фотографија на која ја китат со преубава огрлица.

„Адријанче, ти си срце само за некој шеик.. многу сте ми убави“, „Те китат како за невеста, биди внимателна“ и порачаа нејзините обожавателки на социјалните мрежи.

Инаку, македонската пејачка и водителка на „Вкусот на традицијата“ за неколку дена ќе го прослави својот 52 роденден. Таа беше 25 години во брак со хармоникашот Горан Алачки со кого има две деца, ќерката Грациела и синот Благоја. Тие и покрај тоа што се разведени останаа многу добри пријатели, велат нивните блиски.

За Горан се шушкаше дека е во врска со Марина Дојчиновска, познатата новинарка на емисијата Македониум.