Јелена Карлеуша убедливо е најплатена балканска музичка ѕвезда кога се во прашање настапите во клубовите, бидејќи нејзината цена од неодама “рипна” за неколку илјади евра!
Имено, како што дознаваме, настап на Јелена во клуб повеќе не чини 12.000 евра, туку 15.000 евра, па со тоа го превзема првото место кога станува збор цената за тезгите, како што ги нарекуваат пејачите.
-Јелена секогаш беше во топ 5 најплатени балкански пејачи, но цената за нејзиниот настап порасна. Сега е 15.000 евра, а пред тоа беше 12.000 и 10.000, зависи, како каде. На цената влијае се. – на прво место се песните, а потоа како се претставуваш пред публиката, а Јелена навистина го дава својот максимум- кажува нашиот извор.
-Нејзините настапи чинат малку повеќе од другите, бидејќи таа во своите настапи во клубовите вложува. Не е пејач кој ќе застане со бендот и нема ништо друго покрај тоа. Кога Јелена е во прашање тоа се костими, светла, танчерки, лед екрани…-завршува изворот.