Ова е вистината за тајната сметка на Шабан Шаулиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Српските медиуми деновиве пишуваа дека наводно Шабан Шаулиќ имал тајна сметка каде што ги чувал парите од настапи, посебно од ромски свадби. Наводно, пејачот имал 2 милиони евра на тајна сметка во Германија, пишуваа медиумите.

Семејството на пејачот ги демантираше овие пишувања.

„Нека не остават нас и мојот татко на мир. Неодамна кажав сѐ што имам да кажам“ изјави Илда, ќерката на Шабан.

Наводно пејачот бакшишот, посебно од ромските свадби ги чувал на тајна сметка. Така сакал да го осигура својот живот.

„Нема врска со вистината. Шабан немаше никаква сметка, а не пак скриена. Плаќањата за настапите одеа на сметка на фирмата на неговата сопруга, Гордана му беше застапник. Колку требаше да работи за да успее да сокрие два милиони евра?“ изјави Јовановиќ за 24 сата.

За потсетување, пејачот животот го загуби во февруари во несреќа во Германија.