Помладата сестра на фолкерката пред неколку недели завршила курс за шминкење кај еден познат Белградски висажист, па откако добила одлична оценка и диплома, нејзината постара сестра одлучила ја израдува.
На Рада и е многу важно да ја обезбеди Марија, па таа сфатила дека за неа би било најдобро да и отвори салон во кој ќе биде газдарица, но и ќе работи со клиентите. Со оглед на тоа што во своето родно село Четереже ја реновирала куќата и на татко и му купила се што му е потребно за земјоделска работа, на ред дојде и сестра и, за која е многу приврзана.
Марија беше одушевена од идејата, но и многу благодарна што Рада има толку многу доверба во неа“ – открива извор за српски “Ало!” И додава дека пејачката моментално заедно со својата сестра бара соодветна локација за салонот во Белград.
Рада одлучила да и го отвори салонот во Белград, каде ќе ја шминка и неа пред секое гостување на телевизија, но и пред настапите. Таа смета дека ќе и биде одлична реклама на својата сестра, така што ќе привлече голем број девојки и жени што ја следат на социјалните мрежи, а Марија нема да има многу проблеми да се здобије со клиенти“ – открива изворот.