Дечково стоеше после Капитол. Браво!!! Сепак некој ќе се подзамисли, пишува под оваа фотографија која масовно се споделува по социјалните мрежи.
Скопјани се пофални зборови и за идејата и за момчето кое држи транспарент со сликовит опис дека до Центар со велосипед би стигнале за 10 минути, за со автомобил за дури 80.
Точно, идејата е одлична, но, реалната слика не е таква како што изгледа.
За жал, оваа фотографија не е од нашиот главен град Скопје, а уште помалку од пред Капитол, како што е претставено на социјалните мрежи.
Вистинската фотографија е од соседна Србија.
Вози право, вози здраво по петти пат
Почитувани љубители на велосипедизмот, на ролерките, тротинетите, скиролите. Со гордост го најавуваме петтото најголемо досега издание на #ВозиПравоВозиЗдраво – ревијална трка со голема забава и лотарија за учесниците. Настанот ќе се одржи во сабота, 08.06 со почеток во 17 часот на Порта Македонија и цел во Градскиот парк со голема забава и вредна лотарија.
Ви го пренесуваме целиот текст превземен од СТОПАНСКА БАНКА.
– Регистрацијата за настанот е отворена, веќе ги имаме првите 500 пријавени учесници и бројот брзо се зголемува со што се докажува препознатливоста на настанот како убава и корисна манифестација, привлечна за целото семејство и со силна порака за заедницата – заедно можеме да го промениме нашето однесување и да придонесеме за поквалитетна животна средина. Секако, Стопанска банка АД – Скопје како благодарност за масовната поддршка на настанот, за Град Скопје ќе продолжи да донира урбана опрема за велосипедизам. Претходните донации вклучуваа: Изградба на детски велодром, набавка и поставување на станици за поправка на велосипеди и паркинзи за велосипеди на урбани локации, паркинзи за велосипеди на сите свои филијали, санација на подлогата за возење на детскиот велодром а во тек се подготовки за изградба на нова, поголема вело содржина во Градот.