Три стана, пет ката: Најбогатиот човек на светот “направил ново гнездо”, од бројките ќе ви се заврти во глава

ИЗВОРСкопје24
|

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, изгледа дека одлучил да се пресели во Њујорк. Со оглед на тоа дека својата сметка има повеќе од 142 милијарди долари, цената од 80 милиони долари не му претставува никаков проблем.

Како што наведува “Wall Street Journal”, шефот на “Amazon” барал стан во Њујорк неколку месеци наназад, иако веќе поседува еден стан во тој град кој има прекрасен поглед на Централ парк.

Се одлучил за пентхаус на три ката, а купил и два стана под пентхаусот.

Вкупната површина на просторот со кој Безос се почестил е поголема од 1,500 метри квадратни, има 12 спални соби и неколку импресивни тераси.

Зградата во која се наоѓаат становите е сместена на славната Петта Авенија.

На богатите станари им нуди фитнес центар, симулатор за голф и соба за прикажување на филмови.

Се претпоставува дека овој стан ќе биде новото љубовно гнездо на Безос и водителката Лорен Санчез, поради која на почетокот на годината ја оставил својата долгогодишна сопруга Мекензи.

Безос инаку има неколку луксузни недвижнини во Калифорнија, Тексас и Вашингтон.