Сања Гроздановска или попозната како Сани е една од фолкерите кај нас која што „гази“ кога настапите и свирките се во прашање. Пее од понеделник до понеделник, освен со глас, може да се пофали и со стас, а во последните неколку месеци пејачката својата фигура ја има доведено до совршенство.
Призна и дека политика не следи, но затоа пак актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев и се допаѓа, додека, пак за премиерот, Зоран Заев, вели дека воопшто не е нејзин тип на маж.
Отворено зборуваше и за лицемерието и љубомората која што владее на домашаната фолк сцена.
За шушкањата за наводната афера со Аца Лукас, еве што кажа.
Сани пред извесно време својот коментар го кажа и за аферата помеѓу Јелена Карлеуша и Огнен Врањеш.
Извесно време главна тема во сите медиуми беше веста за сканд***т во кој се најде Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш.
Темата веќе сите ја знаете, а секојдневно на истото само се надоврзуваат плус пресврти.
Јелена сето ова го негираше, па извесно време беше и во Кина, барајќи засолниште кај својот сопруг.
Врањеш од друга страна, лабави и постојано се заканува дека има материјали и од другите пејачки од српската естрада.
Меѓу нив беше и македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска која ја прокоментира ситуацијата:
„Самата наша професија и јавните настапи наметнуваат многубројни можности за афери и измислени приказни од кои може да произлезат милиони проблеми доколку се работи за некоја лабилна врска или брак. Можам да кажам дека ова навистина е смешно, и верувам дека Карлеуша заедно со својот сопруг вечераат некаде заедно и се смеат на ваквиот низок начин на провокација. Таа професионалец и семеен успешен човек за кој нормално е да се измислуваат вакви работи“ изјави Сани за „svet-austrlia“.
„Да сум на нејзино место тотално би го игнорирла ова, исто како и сите други. Ние сме нормални луѓе, а тоа го знаат само нашите најблиски. Сите останати треба да го гледаат само тоа што им го прикажуваме. Хахаха, а не лесно да си јавна личност“ вели Сани.