По шест години живот во Шведска, фолк пејачката Сузана Гавазова заедно со семејството се врати во земјава. Со сопругот, Босанецот Јасмин Курузовиќ и со ќеркичките Емили и Селена ќе живее во Скопје и ќе ја продолжи својата кариера на домашен терен, пишува „Фокус“.
Гавазова во повеќе наврати досега имаше истакнато дека иако се навикнала на животот таму, сепак, многу ѝ недостасува Македонија, па затоа и често се враќа. Пејачката има стан во родната Струмица, но сепак решила Скопје да биде нивното ново место на живеење.
Таа пред извесно време комплетно го промени и својот имиџ, но повторно мами воздишки со својот изглед, тоа е сигурно.
Иако досега ја знаевме по потемните нијанси на коса овој пат направила вистински избор.
Вака се појавува во видео записот за песната „Сечање на твој грех“. Пејачката шармира во провокативен аутфит.
Со својот нов имиџ, Гавазова на дел од фотографиите изгледа непрепознатливо.