Ѓорѓе Давид, кој заедно со Јелена Карлеуша е дел од жирото на Ѕвездите на Гранд, бил прв пат на настап на пејачката, која прв пат настапи во Белград после заминувањето на мајка и Дивна.
Затоа што приватно е таква каква што е, дојдов. Бидејќи сме семејство, би било глупо да не се појавев. Ова е за мене огнено крштeвaње, прв пат дојдов на настап на Карлеуша – рекол Ѓорѓе.
Јелена го поддржла кога се појавил во жирито на Ѕвездите на Гранд.
Јелена е некој кој сериозно мoже да ти влепи шлаканица без никаква сила. Јас доста ја газев по медиумите, но кога влезе во категоријата на мaјки, престанав. А кога јас се појавив, таа го посла црвениот тепих и ме најави како најдобар фраер. Тоа за мене беше полошо отколку да ми удри шлаканица, ме засрами- рекол Ѓорѓе Давид.
Инаку, пред два дена таа го имаше својот прв настап по долго време. На сплав се појави во еден часот по полноќ во друштво на својот тим и обезбедување, многу расположена и со необичен изглед.
Имено Јелена се појавила комплетно во розево издание, но она што најмногу привлекло внимание била розевата кацига со уши на Мини Маус.
Покрај розевата комбинација и својата коса ја обоила во розево. Многу брзо забавата почнала, а штом Мини Маусот скокнал на сцена, лудилото почанало.Од врелата атмосфера сплавот не престанувал да се тресе, но најголем хаос настанал кога Јелена го свртела грбот и почнала да меша со задникот. Мажите не трепнувале, а и жените и се восхитувале.