Мајката на Пино: Имате уште два дена

ИЗВОРСкопје24
|

Мајката на Пино се огласи повторно на Фејсбук и упати порака до родителите на осомничените.

„2 дена ви давам. Сакам да ве видам кај мене во двор на коленици и да барате да ви простам. Родители на Ангела Горгиевска и родители на Али Фуркан ако не се појавите, два дена ви давам време, после ќе биде око за око. заб за заб, к*в за к*в. Знам дека ме читате и пратите“, стои во објавата на Фејсбук.

Маја Трпковска даде исказ заввчера во Обвинителството, па изјави дека според неа, да го направиш тоа, па да си шеташ и спиеш е монструо*но и додаде дека најверојатно мотив е љубомора.

Маја долго водеше битка со институциите, организираше и протест, а сега рече дека правдата ќе ја бара до крај.

Блиски луѓе на Пино го опишуваат како доста одговорна личност, младо момче кое било поврзано со семејството, секојдневно одело на работа, се грижело за таткото кој имал здравствени проблеми. И негови колеги, со кои разговараме, беа во шок од првичната вест за неговото исчезнување. На приказните дека најверојатно побегнал од дома, дека бил проблематичен и слично, без двоумење одмавнуваа со рака.

-Пино не е таков, сигурно нешто лошо му се случило – уште лани во декември, кога момчето исчезна во разговор ни открија негови колеги, супервизори кои работат на изградбата на автопати, каде и самиот Пино долги години бил вработен. И мајката во повеќе наврати обвини дека полицијата не ја сфаќа сериозно, под образложение дека момчето е полнолетно, па можеби самото заминало од дома. Таа одржа повеќе протести на кои ги бараше одговорите од надлежните, но исто така бараше и сериозен пристап кон случајот, обидувајќи се да докаже дека на нејзиното дете му се случило нешто лошо и не е заминато по своја желба. Јавно апелираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да се појави на протестите и пред присутните да одговори на прашањата поврзани со истрагата, но тој не се појави ниту на еден протест.