Обожува да носи бикини и да ужива на плажа- сопругата на ракометарот на Вардар Мораеш изгледа прекрасно

ИЗВОРСкопје24
|

Бразилскиот ракометар кој по освојувањето на титулата на Вардар се прости од клубот очигледно живее живот каков што сонуваат многумина ракометари.

Рожерио Фереира Мораеш кој поради приватни причини остана во Келн и не дојде на прославата на Вардарци во Скопје не крие дека ужива во животот со својата сопруга Керстин која е медицинска сестра.

Ракометарот кој е еден од најзаслужните за големиот успех на Вардар беше избран за најдобар кружен напаѓач на турнирот во Келн, благодарение на шесте гола во финалето и тоа против својот иден тим Веспрем.

По финалето тој остана во Келн, но замина и во Бразил каде веднаш се упати на плажа со својата сопруга и да се одмори од напорното финале и заслужена титула.

Доказ дека парот обожува да ужива на плажа и во вода се нивните фотографии од различни егзотични дестинации низ целиот свет, а она што најмногу им остава впечаток на сите е неговата сопруга која е вистинска природна убавица.