Непријатно искуство на еден скопјанец: Чувајте ги уплатниците од платените казни, УЈП може повторно да ви побара пари

ИЗВОРСкопје24
|

Чувајте ги сметките и уплатниците од платените казни, УЈП може одново да ви побара пари, пишува Пресинг.

На скопјанец кој лани си платил казна за судска пресуда од околу 300 евра, УЈП повторно му ги побрува парите и бара да се блокира неговата сметка. До фирмата каде лицето работи од Управата за јавни приходи пристигнало решение за присилна наплата од парични побарувања.

Во образложението кое стигнало до фирмата во која работи стои дека според податоците со кои располага УЈП, заради решение/пресуда, бидејќи утврдените обврски не се платени доброволно, се пристапува кон присилна наплата. Решението е извршно на 30. март годинава.

Целиот текст на Пресинг.