Денес е спомен на Светиот апостол Карп: Човек со чист ум, кроткост и незлобност кој многу претрпе за името Христово

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската православна црква денес одбележува еден од Седумдесеттмината – Светиот апостол Карп…
Еден од Седумдесеттемина. Следбеник и придружник на Светиот апостол Павле, од кого беше поставен за епископ на Верија Тракиска. Но го проповедаше Евангелието и на Крит, каде што го прими во својот дом Св. Дионисиј Ареопагит. За него Свети Дионисиј сведочи дека бил човек украсен со чист ум, кротост и незлобливост и дека во визија му се јавил Самиот Господ Исус Христос со Своите ангели и никогаш не ја почнувал Светата Литургија ако немал претходно небесно видение.

За името Христово претрпе многу напасти. Најпосле пострада од неверните Евреи коишто го уб*ја, па се пресели со душата во Царството Божјо за вечно да се насладува гледајќи Го Господ во слава.

Светиот апостол Алфеј и мачениците Аверкиј и Елена

Еден од седумдесетте. Татко на двајца апостоли од дванаесетте, на Јаков Алфеев и Матеј евангелистот. Не е познато каде го проповедал Евангелието. Аверкиј и Елена исто така беа деца на светиот апостол Алфеј. Заради исповедање на верата во Иисуса Христа, светиот Аверкиј беше врзан гол среде пчеларник и маченички пострада од убодите на пчелите. Неговата сестра Елена беше уб*ена со камења.

Преподобен Јован Психаит исповедник Константинополски

Од светот се оддалечи рано во младоста и се повлече во Психаитската Лавра во Цариград. Таму заради љубовта Христова се подвизуваше многу години. Во 8 век претрпе прогонство поради иконопочитување.

Светиот новомаченик Александар Солунски

Овој Христов маченик беше роден во времето на големата турска тиранија над Солун. Како млад беше прелажан од Турците и потурчен. Во почетокот не го гризеше совеста за таа постапка и тој појде на Ќаба со останатите мухамедански аџии, па стана дервиш. Но како дервиш во Солун почна горчливо да се кае. При ова каење дојде на мисла дека со ништо не може да го симне од себе страшниот грев на христоотстапништво, освен со својата крв. Кога значи се покаја и се реши на мачеништво, излезе пред Турците како христијанин. Турците го фрлија в затвор и го подложија на долги маки. Но Александар постојано викаше: „Како христијанин се родив и како христијанин сакам да ум*ам!“ Најпосле Турците го осудија на см*т, на што покајаниот Александар многу се израдува, познавајќи од тоа дека гревовите му се простени и дека Бог ја прима неговата жртва. Беше за*лан во Смирна во 1794 година и прославен во Црквата небесна и земна.