Барателите на азил кои ќе најдат работа во Германија може да останат.
Германскиот Бундестаг усвои миграциски закони, со што се олеснува доселување на стручни кадри кои се потребни на пазарот на труд во Германија.
Пакетот се состои од седум закони, но тоа ќе овозможи и протерување на оние кои немаат право на азил.
За Германија е многу важно да си обезбеди стручна работна сила.
Донесените закони овозможуваат луѓето од земји кои не се членки на ЕУ да дојдат и да работат во сите области, не само во дефицитарните струки.
Квалификуваните работници шест месеци може да останат во Германија и да бараат работа.
За сите кои сакаат да работат во Германија – дознајте ги цените и информациите како да стигнете до таму
Ако земете во обзир да како автомобилски техничар во Германија може да заработите и до 4500 евра месечно, додека за кирија за двособен стан одвојувате и до 900 евра, а флашираната вода во пакувања од шест шишиња од 1,5 литри чини околу 2 евра, дефинитивно не би било лошо да ги земете во предвид следните информации.
Нашите лекари, програмери и инжинери се почесто заминуваат во Германија, а ако е тоа и вашата цел, еве што треба да знаете.
Првиот чекор за вработувања е стапување во контакт со работодавецот.
Од него морате да добиете потврда за оформување на работен договор, со кои во германската амбасада ќе поднесете барање за работна виза.
За таканаречениот плав картон, и работна дозвола за експерти со диплома од факултет, предуслов е аплицирање за виза, а дури по нејзиното добивање, следи и апликација за плав картон, кој се добива во Германија, во надлежност за уреди за странци.
Со уредбата за дозволен пристап до пазарот на труд за странци, ограничен е на одредена професија.
За останатите неопходна е согласност од управата за вработување, а кога станува збор за професии со низок степен на квалификации, или без квалификации, за нив важи забраната за регрутирање, па изгледите за добивање позитивен одговор, се неверојатно мали.
Од друга страна, лекарите, лекарите специјалисти, психотерапевтите, и ветераните од Србија можат да работат во Германија штом се провери усогласноста со македонската и германската диплома.
Сепак во повеќето професии потребно е да се положи дополнителен испит – апробација.
Инаку цената на потврдата за признавање на дипломата е 100 евра, а за секое повторно издавање на потврда се доплаѓа по 50 евра.
Апробација не е неопходна за работа со дефицитарни занимања, но тогаш ограничени сте на две години.
Доколку сте квалификуван, од вработување во Германија, освен успешно завршена бирократија, ви се доделува и познавање на германски јазик.
За работна дозвола доволен ви е А1 степен, за работа со средно школо B1, додека за високообразовани кадри се бара С1.
Она за што првенствено се размислува, пред превземање на ваков чекор, се разбира е висината на заработката во одредена професија.
На врвот на оваа листа, верувале или не, се автомобилските техничари со дури 4500 евра месечно, а веднаш зад нив се инжинерите на електротехника со 4340 евра и лекарите со 140 евра помала заработувачка. Погледнете кој има помала заработувачка од нив:
*ИТ Сектор 4000 евра, Експерти за грејачи и клими 2500 евра, Негователки 2150 евра, Водоинсталетери 2000 евра, Медицински сестри 1900 евра, Пекари 1800 евра, Конобари 1300 евра.
Она што треба да се има во предвид е тоа што сите овие избоси се однесуваат на платите во Западна Германија, додека во Источна би можеле да бидат и до 1000 евра пониски.
Иако висината на заработувачката сама по себе не значи ама баш ништо без секојдневните трошоци, цените во Германија се такви да и по плаќањето на сметките и храната, ви остануваат повеќе пари за разлика од Македонија.
Така за разликата од високите цени за исхрана таму каде каде се пониски.
Лебот и млекото ќе ве чинат околу 2 евра, Јагнешкото месо околу 5 евра, маслото за јадење 2 евра, овошјето околу 2 евра додека евродизелот 2,5 евра за литар.
Месечната кирија за двособен стан во повеќето градови изнесува околу 900 евра, а еднособниот стан би ве чинел само 200 евра помалку.
Во помалите градови, цените се пониски за околу 100 евра.
Ако сте решени да се преселите во оваа земја, во тоа најефикасно ќе ви помогнат од германската амбасада.