Откако децата се пофалија со луксузниот спа центар во домот, сега Цеца ја покажа својата спална соба од соништата (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Српската фолк пејачка Цеца Ражантовиќ и нејзиното семејство, секогаш се интересни за јавноста, особено кога им се случува нешто на приватен план.

Деновиве го славеа роденденот на Анастасија, се подготвуваат за свадбата на Вељко и Богдана, а пак Цеца се пофали со новиот спа-центар во нивната вила на Дедиње.

Вељко беше првиот кој го покажа базенот , а пак Анастасија долови некој момент плус од најзабавниот дел во нивниот дом каде сега пријателите сакаат се почесто да ги посетуваат.

Спа-ценатр навистина изгледа како во луксузен хотел, но уште едно место кое изгледа како во кралска палата, е спалната соба на Цеца.

Имено, пејачката на својот Инсатграм сподели фотографија од нејзиниот интимен прстор во домот, од кој се гледа дека се внимавало на секој детаљ.

Но, она што е најзабележително е тоа што Цеца има слика од себе на ѕидот веднаш над креветот. Ова е прват популарната пејачка да го покаже овој дел од домот, одонсно местото кое е нејзиниот приватен рај.