Американка се омажи за братот: ,,Не се грижам за последиците”

ИЗВОРСкопје24
|

Американката Деби Зутант (51) по 15 годишна тајна врска се омажи за својот полубрат Џо (38).

Иако имаат ист татко и исто презиме, Деби и Џо не се познавале до 2003 година, кога Деби, која била посвоена, го нашла својот биолошки татко, а тој и кажал дека има брат. Кога се сретнале, таа имала 35, а тој 23 години.

За британските медиуми откриваат дека станувало збор за љубов на прв поглед. Спиеле заедно веќе на втората средба, а само по две недели откако се запознале почнале заедно да живеат.

„Иако јас и Џо сме брат и сестра, веднаш кога се запознавме, се вљубивме. Имаме иста крв, но не се познававме претходно, па тоа е различен однос од оној меѓу брат и сестра кои живееле заедно.”

Кога конечно им признале на членовите на семејството дека се во врска, некои ги поддржале, а некои не. Иако бракот меѓу нив во САД е илегален, некако успеале да се венчаат без да го откријат крвното сродство.

Ваквиот брак во САД се казнува со парилчна казна од 24 000 долари и затвор до 15 години. „Премногу сме вљубени за да размислуваме за тоа”, вели Деби на прашањето дали се плаши од законските последици.