Кога би требало да издвоиме една домашна обврска која ја мразиме, веројатно повеќето жени би се сложиле дека тоа е пеглањето. Освен што одзема многу време, оваа прилично напорна активност бара и многу внимателност, прецизност и труд. Таман совршено сте го испеглале ракавот од кошулата по рабовите, ја поткревате и гледате дека се стуткала од другата страна. Звучи познато?
Што ако ви кажеме дека откривме спреј кој се подготвува од само 3 состојки кои веројатно веќе ги имате дома, со помош на кој вашата облека сама ќе се испегла? Не е лага!
Овој магичен спреј навистина постои и делува. Еве го рецептот…
Потребни состојки: 400 мл дестилирана вода, 1 лажичка омекнувач за алишта, 1 лажичка алкохолен оцет и 1 празен распрскувач.
Начин на подготовка: Во празен распрскувач налејте 400 милилитри дестилирана вода во која ќе додадете по една лажичка омекнувач и алкохолен оцет. Добро промешајте ја смесата и спрејот за пеглање е спремен за употреба.
Начин на употреба: Напрскајте ги сувите маици или која било друга облека со спрејот. Порамнете ги ракавите, поставете ги на сушара и оставете ги да се подзасушат. Откако ќе се исушат, вашите „пеглани“ алишта се спремни за носење.