„Тој не ми е спонзор, ние сме сродни души“: Манекенка открива како се заљубила во 28 години постар маж кој е висок 147 сантиметри

ИЗВОРСкопје24
|

Љубовта делува на мистериозен начин. 20-годишната манекенка Сара Руси, вели дека не е во врска со многу постар маж од неа, но и понизок затоа што е богат и ѝ плаќа многу работи.

Сара тврди дека веднаш почувствувала поврзаност со него поради неговата атрактивна личност и дека таа нема никаков проблем со неговиот изглед и висина која изнесува 147 цантиметри.

Овој среќен, заљубен пар тврди дека им требало многу време за да се навикнат на туѓите погледи кога тие се појавуваат во јавноста.

Сè започнало преку допишување на Фејсбук, а после тоа Мејсон и Сара се запознале во живо.

Набрзо почнале да се забавуваат, а сега се заедно 7 месеци.

Двајцата веруваат дека заедничките интереси и забавни разговори помогнале во нивното брзо поврзување.

„Кога ќе запознаете некој и со него разговарате три часа без некаков напор или прекин, непријатни моменти или паузи, тоа е невообичаено, а мислам дека и таа го почувствува истото“ – објаснува Мејсон.

А со него се согласува и Сара.

И покрај тоа што овој пар мисли дека се совршени еден за друг, сепак во текот на нивната врска тие поминуваат преку грубите коментари од луѓето.