Лепа Брена имала само тринаесет години, кога како што вели, еден постар господин ѝ претскажал дека кога ќе порасне ќе биде позната као Јосип Броз-Тито. За хрватскиот портал, „24 сата“, балканската ѕвезда ја раскажа оваа неверојатна приказна.
„Во моето родно место Брчко во Босна и Херцеговина, седевеме кај сосетката во двор и појадуваме. Се сеќавам дека помина еден постар господин кој побара чаша вода. Му донесов вода, а му го понудив моето кафе и појадок. Ме погледна со благодарност и ѝ се обрати на мојата мајка. „Претпоставувам дека тоа е вашата ќерка. Како што е познат Тито, така ќе биде позната и таа“, рече господинот. Си помислив дека никој не може да биде познат како Тито и оти зборува глупости. „Не сум луд, ќе бидеш многу успешна жена“, ми одговори тој. Кога го прашав дали ќе имам пари колку и Тито, тој филозофски ми одговори: „Ќе патуваш до онаму до кај што погледот ти допира. Ќе имаш многу пари, колку што во рацете може да ти собере“. Човекот повторно ѝ се обрати на мајка ми, зборувајќи ѝ дека таа не треба да се грижи за мојата иднина, затоа што јас ќе се грижам за сите нив.
Брена и понатаму во интревјуто е сосема искрена и вели дека била реална и рационална. Мислела дека никој не може да успее без богати и успешни родители, а нејзините немале многу пари.
Ја открија членовите на групата „Слатки грех“.- Брена на почетоците на кариерата
„Не бевме богати, понекогаш немавме ни за леб. Бев свесна дека не сум нешто посебно убава, дека не поседувам некој посебен талент, но знаев дека сум родена како независна личност и нешто морам да направам“, додала пејачката. Таа вели дека кога човекот кој ѝ ја претскажал славата, пред да си замине рекол дека е болен од дијабетес и нагласил дека мозокот добро му работи.
„Ми рече дека мојот успех брзо ќе се случи. Ме замоли, кога ќе се сетам на него да му запалам свеќа. Тоа го правам и ден-денес“, откри Брена.
„Кога почнав да студирам туризам, јадев леб, јогурт, паштети и шеќер шест месеци. Ги штедев парите за храна за да одам на екскурзии со колегите. Кога ќе посакав слатко, ставав шеќер во јогуртот, кога ќе посакав солено, ставав сол. По шест месеци, тажна се вратив дома и реков дека е доста, и дека ќе почнам да пеам. Ги сретнав „Слатки грех“ кои тогаш се викаа „Лира“ испеав со нив неколку песни, и брзо потоа ме поканија да настапувам со нив“, раскажа фолк-ѕвездата за своите тешки почетоци.