Чистење на македонски начин (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Вработен од скопски „Комуналец“’ додека го чисти мостот „Близнаци“ собраното ѓубре го фрла во Вардар.

На социјалните мрежи се појави видео на кое вработен од скопски „Комуналец“’ додека го чисти мостот „Близнаци“ во скопската населба Аеродром, собраното ѓубре од тротоарот наместо во кантата за отпад, без двоумење го фрла во реката Варадар.

Видеото можете да го поглднете ТУКА.

Пред извесен период беа исчистени езерцата во градскиот парк што не беа исчистени повеќе од 10 години.

Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта” и „Паркови и зеленило” спроведуваат акција за комплетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, што не се исчистени околу 10 години, соопштуваат од Град Скопје.

„Деновиве се чисти каналот што носи вода до езерото во првиот дел од Градскиот парк. Во акцијата се отстрануваат насобраните лисја, милта, наносите од земја и отпадоците, за да може езерцето да се наполни со вода. Се чисти и каналот што носи вода до целиот езерски систем во паркот. Како дел од овие активности се отстрануваат и исушените и искршени гранки на околните дрвја кои претставуваат опасност за посетителите на паркот“, соопштуваат од Град Скопје.

Активностите за чистење на каналите и на езерцата во Градскиот парк ќе продолжат и во наредниов период. Град Скопје апелира до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот