Направете ги овие работи за вработените никогаш да не посакаат да си заминат

ИЗВОРСкопје24
|

Обучете ги луѓето доволно добро да можат да си заминат, но однесувајте се со нив толку добро за да сакаат да останат, е советот, кој милијардерот Ричард Бренсон, им го дал на работодавците.

Тоа е, според него, единствен начин луѓето да посакаат трајно да работат во некоја компанија. А како се постигнува тоа?

Без разлика на тоа каква е работата, тој бара од вработените поголемиот дел од неделата да се откажат од приватниот живот и да му се посветат на него.

Добра вест е дека многу компании денес разбираат колку е важно нивните вработени да се чувствуваат што е можно подобро на работа.

Начинот тоа да се постигне е да им направат некои отстапки.

И тоа на компанијата ќе и донесе многу добро, бидејќи среќните вработени се многу продуктивни, пренесува “Bussines & Finance”.

Еве кои бенефити вработените најмногу ги ценат

1. Работа од дома
Ова е една од најпосакуваните можности на работа за повеќето вработени. Кога е тоа возможно треба да им се дозволи на вработените да работат од дома, бидејќи тоа помага на нивната продуктивност.

2. Флексибилно работно време
Втората најпосакувана можност на работа е тоа да не мораат точно во минута да доаѓаат на работа и да си заминат. Дури 88 проценти од вработените ова го сметаат за многу важно.

3. Виртуелни состаноци
Ваквите состаноци станале најефикасен начин за одржување на состаноци. Тоа е евтин, а многу ефикасен начин да ги поврзете своите вработени каде и да се на светот.

4. Музика и слушалки на работно место
Можноста да можат да слушаат музика на работното место ја зголемува нивната продуктивност и задоволство.