Американската вселенска агенција најави дека од 2020-та година ќе започне да организира туристички летови во вселената.
Според првичните планови, ќе има два летови годишно до Меѓународната вселенска станица, а максимално ќе може да се престојува 30 дена. Цената е ситница – едно ноќевање ќе чини 35 илјади долари.
Иако се чини дека цената е огромна, сепак вреди да се истакне дека најбогатите луѓе на светот трошат далеку повеќе од, на пример, едно изнајмување на некоја луксузна јахта.
Во програмата на испраќање на туристи во вселената ќе бидат вклучени приватни компании кои стојат зад модулот “SpaceX Crew Dragon” и капсулата “Boeing SCT-100 Starliner”. Од НАСА го објавија новиот бизнис модел, откривајќи ги плановите за примена на комерцијалните летови во ниската орбита на Земјата, но исто така во плановите се и летови до Месечината.
„Ова е посебен ден за нас. Одлучивме да отвориме Меѓународна вселенска станица зџа комерцијални прилики какви што порано не постоеја. Во вселената ќе можат да одат астронаутите, но и приватни лица“, изјави Џеф Девит, шеф на финансиите при НАСА.
Првите комерцијални летови за Меѓународната вселенска станица се планирани веќе за почетокот на идната година. Планот е еден од доковите на станицата да се преуреди за да може да прими комерцијални модули и капсули.
Астронаутката Кристина Кох вели дека комерцијалниот пат во вселената не би можел да биде возможен без во проектот да се вклучеле приватните компании.
„НАСА и приватните компании мора да соработуваат за да се постигне заедничката цел, а тоа е вселената да стане достапна за сите. Во тој смисол, неопходен е развој на нови технологии, нивно тестирање и развивање за еден ден во вселената да се формираат постојани човечки населби“, изјави таа.
Видеото можете а го погледнете ТУКА.