ВИСОКИ ПЛАТИ И НИСКИ ТРОШОЦИ: Чешка е вистинскиот избор за сите Македонци кои сакаат да работат во странство

ИЗВОРСкопје24
|

Република Чешка претставува одлично место за работа и живот благодарение на ниските трошоци за живеење, квалитетот на животот и балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот

Во случај да размислувате за привремено или постојано преселување во Прага или во некој друг град во Чешка, ви претставуваме неколку интересни фактори кои ќе ве мотивираат да ја донесете вистинската одлука.

Чешка е одлично место да започнете со нова кариера
Метрополата Прага, заедно со голем број други градови во Република Чешка, вклучувајќи го и Брно, се дом на голем број претставништва на големи интернационални компании. Постојаното зголемување на можностите за вработување, рекордно ниската стапка на невработеност и порастот на побарувачката за талентирани билингвисти создаваат одлична можност за странските работници кои го зборуваат англискиот јазик да станат дел од работната сила на оваа држава.

Во Чешка имате рекорден број на слободни денови
Еден од бенефитите да се биде работник во Чешка е и големиот број на државни празници. Имено, Република Чешка има најголем број на државни празници во Централна Европа. Во 2019, земјата ќе има дури 13 државни празници, а вработените на полно работно време имаат право на годишен одмор од 25 работни денови.

Компаниите во Чешка нудат одлични услови и бенефиции
Флексибилни работни часови, ваучери и pet-friendly канцеларии се само дел од бенефициите кои локалните компании им ги овозможуваат на вработените. Според едно истражување во 2016, спроведено од страна на регрутерската агенција Hayes, најпопуларниот бенефит се ваучерите за исхрана и истите ги добиваат дури 71 отсто од вработените.

Платите во Чешка се во постојан пораст
Изминатата година, просечната плата во Чешка беше нешто повеќе од 30.000 чешки круни (1.150 евра) за денес таа да надмине 40.000 чешки круни (1.540 евра) што дава надеж за уште поголем пораст во 2019 година.

Цените во Чешка се релативно ниски
И покрај тоа што економијата на Чешка рапидно се приближува до таа на некои од нејзините западни соседи, животот во Чешка не е воопшто скап. Во последната публикација на Еуростат, Република Чешка е рангирана во групата на земји со релативно ниски цени на основните производи и услуги.