Утринава е уапсен државниот секретар во Министерството за информатичко општество, кадар на ДУИ, Јахи Јахија, пренесува порталот „Сакам да кажам.“ Налогот за негово апсење го издала обвинителката за организиран криминал, Вилма Русковска. Јахија се сомничи за злоупотреба на службена положба и овластувања и за земање провизија од добиен тендер.
Според неофицијални информации на САКАМДАКАЖАМ.МК, се работи за мито од десетици илјади евра, што Јахија го зел во 2014-2015 година.
Извор: alsat-m.tv
Џафери ќе ја достави оставката на Груевски до пратениците
Претседателот на собранието, Талат Џафери, ќе ја достави писмената оставка од екс-премиерот Никола Груевски до пратениците. На денешната координација кај првиот парламентарец партиите ги изнеле своите ставови, со сиклучок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј претставник не присуствувал на координацијата. Како што соопштуваат од Собранието, Џафери ќе има одделна средба со координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Минатата недела, поранешниот премиер Груевски, кој е во бегство во Унгарија по изрекувањето на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“, испрати писмена оставка на унгарски јазик, која деновиве беше преведена.