Во последно време се појавија многу сомнежи во врска со храната.
Од каде потекнува, колку е квалитетна и дали е безбедно она што го јадеме се некои од прашањата кои луѓето се почесто ги поставуваат.
Сепак, најголемо внимание е потребно кога купувате месо. Ако земеме превид дека еден македонец во просек јаде повеќе од 30 килограми годишно, како и фактот што повеќе од 60% се состои од месо во секојдневниот оброк на човекот, ќе сфатите колку е важно тоа да е здраво и проверено.
Сигурно дека за себе и за своето семејство сакате само она што е најдобро да го послужите на трпезата. Секој пат кога одите во продавница каде се продаваат месни производи се прашувате дали направивте добар избор или можеби ви продадоа старо месо. Постојат неколку совети со кои ќе можете да приметите дека сте купиле вистинско свежо месо.
Свежото пилешко месо секогаш ќе го приметите по светлата боја. Мирисот е неутрален, додека месото околу коските не смее да биде темно, тоа е всушност знак дека месото е старо. Свежото јунешко месо е прошарано со ситни жили додека старото со дебели масни жили. Кај јагнешкото месо постои еден трик кој кога е во прашање проверката на свежина на месото, а тоа е неговата еластичност. Јагнешкото месо е многу поцврсто и има специфичен мирис. Всушност недостатокот на овој свеж мирис може да биде еден показател дека месото можеби и не е баш свежо и дека подолго стоело замрзнато.
Празничниот период веќе започна па карактеристично е и обилно да се купува и свинското месо, но неопходно е да се обрне внимание кога е во прашање неговата свежина. Месото не смее да биде лепливо ниту сивкасно, туку црвено и цврсто.