Гумата само што не паднала: Вака денес вози автобус на „Дурмо турс“

ИЗВОРСкопје24
|

Со гума која само што не испаднала и задушлив мирис на чад, вака низ центарот на Скопје, на крстосницата пред зградата на Владата, вози уште еден „исправен“ автобус на „Дурмо турс“, објави Република.

Ова е автобус во кој се превезуваат патници на релација Гостивар-Скопје, а поминал технички преглед.

Не поминаа ни четири месеци по несреќата кај Ласкарци во која животот го загубија 16 патници на овој превозник. Во меѓувреме, од затворски во домашен притвор отидоа првоосомничениот – сопственик на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и шестоосомничениот – возач на автобусот.

Инаку, минатиот месец автобус на “Еуро турист” – Гостивар, по втор пат качил 15 патници повеќе од дозволениот број, кои патуваа од Скопје за Гостивар.

Автобусот беше сопрен од полицијата во населбата Ѓорче Петров во Скопје и по инспекцијата која траела околу 20 минути, вишокот патници биле принудени да се симнат, а полицијата побарала од компанијата да прати друг автобус.

По околу половина час пристигнал друг автобус на истата компанија, ги земал патниците кои биле симнати и се упатил кон Тетово.