За три денари од литар поевтинуваат бензините од ноќеска на полноќ, додека дизелот за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Тоа значи дека новата цена на „Супер 98“ ќе изнесува 69 денари за литар, „Супер 95“ ќе се продава за 66,50 денари, а дизелот за 60 денари литар.
Екстралесното масло за домаќинства од полноќ ќе чини 49,50 денари за литар, додека мазутот 33.851 денар за килограм.
Црна Гора ќе бара нафта на дното на Јадранот
На почетокот на февруари следната година планирано е да се започне со дупчење на две локации на црногорското подморје, кои ги истражуваат копаниите „Ени“, „Новатек“ и „Енерган“, објави директорот на Црногорската администрација за јаглеводороди, Владан Дубљевиќ.
Според него, со една од дупките ќе се бара нафта на длабочина од 6,5 километри, а со друга гас на 1,5 километри, пренесува „Танјуг“.
– Дали имаме нафта и гас ќе знаеме кон средината на следната година. Управата очекува резултатите од снимањето да ја одредат локацијата за дупчење, а следната недела ќе пристигне брод кој ќе спроведе софистицирани геофизички истражувања – вели Дубљевиќ.
Тој додава дека компаниите за истражувања на нафта многу ризикуваат, но исто така постигнуваат и завидни резултати.