Водителката Сузана Турунџиева, која за педесеттиот роденден го доби најубавиот подарок што може да ѝ го даде животот, внукот од ќерката Лора, сподели заедничка фотографија со малиот убавец, кој веќе има 3 месеци.
„Дете на моето дете… Срце на моето срце… Душа на мојата душа… Љубов на мојата љубов .. и се така до бескрај… Фала ти животе“, напиша пресреќната баба Туринџиева.
https://www.facebook.com/suzana.turundzieva/posts/10219697532773462
Инаку, таа со своите објави на социјалните мрежи секогаш ги мотивира своите пријатели.
„Без оглед на сите таги и загуби во минатото, јас сум секогаш среќна. Дали знаете зошто? Затоа што ние не сме она што сме биле вчера, или завчера. Ние имаме право да се развиваме и напредуваме. Така и јас. Денес знам дека од никого не очекувам ништо. Очекувањата се претвораат во болка и разочарување, а јас одамна не си дозволувам да бидам разочарана. Од никого и од ништо. Избрав живот со изненадувања, а не со разочарувања. А животот е сурово краток, и тоа постојано го имам на ум. Затоа, секогаш ги препрочитувам Шекспировите пораки:
– Пред да почнеш да зборуваш – слушај
– Пред да напишеш – размисли
– Пред да повредиш некого – осети
– Пред да почнеш да трошиш – заработи
– Пред да се помолиш – прости
– Пред да почнеш да мразиш – сакај, и
– Пред да умреш – живеј“, напиша Турунџиева.
Нејзината ќерка Лора и зетот Филип, на 7 март станаа родители на Јаков.