Новиот ценовник на скопската Зоолошка предвидува, освен поскапата влезница за посета на Зоо градината од 50 на 80 денари, да има и дополнителни влезници за содржините кои летово треба да бидат отворени.
Па така, влезот во Дино паркот со диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни, посетителите ќе треба да платат плус 20 денари. Посебно се наплатува за јавање на пони коњчињата, за возење на вовчето, за количките и секако за грицки и сокчиња.
Поскапувањата од Зоолошка ги правдаат поради зголемените трошоци кои ги имале, но и дека парите ќе се трошеле за подобрување на условите за животните.