Трубачи за крај на основното образование…Весело и разиграно, но и со по некоја солза, полуматурантите ќе ги напуштат училниците каде девет години го стекнуваа и надградуваа своето знаење, објавува Сител.
-Мило ми е што вака завршуваме, со песна, весело, вели Мартин Тодоровски, полуматурант во ОУ Мирче Ацев
Промени во образовниот процес, учење по Кембриџ…за некои лесно, за некои со мали потешкотии, но на крај сите продолжуваат понатаму.
-Ако се внимава и се слушаат наставниците, нема тешкотии, вели Ивана Топчаревска, полуматурант во ОУ Мирче Ацев
-Имаше и потешкотии, но не беше страшно, вели Михаил Пеповски, полуматурант во ОУ Мирче Ацев
-Па интересно беше овие години, вели Михаило Заревски, полумантурант во ОУ Мирче Ацев
Сакаат деветгодишното дружење да го продолжат и во иднина иако на многумина патиштата ќе им се разминат.
Со трубачи, песни и ора се збогуваат од училиштето во кое поминаа девет години. Оваа недела деветоодделенците ќе одморат а од наредната ги очекуваат уписите во средните училишта.
-Сакам да продолжам во Јосип Броз Тито
-Уште не сум одлучил, но сакам некоја подобра гиманзија за развивање на знаењето.
И додека основците размислуваат дали општа гимназија или стручно образование, на поголема мака се учениците кои завршија средно образование. Скопскиот градоначалник денеска на 27 матуранти првенци на генерацијата им додели специјални признанија и парични награди. Но голем дел од нив не ја гледаат иднината во земјата.
-Ќе продолжам на медицински факултет. Дали ја гледаш иднината во земјата? За жал не. Ќе видам, мислам дека Англија е најпогодна за мене, вели Вероника Станоевска, матурант.
-Па сакам да продолжам на психологија. Па ќе останам овде, но ако ми се пружи прилика ќе заминам, вели Татјана Давидовска, матурант.
Школската година заврши. Со нови сили и предизвици учениците ќе продолжат на 1 семптември.