Полесно до работа: Добра вест за оние кои планираат да работат во Германија

ИЗВОРСкопје24
|

Висококвалификуваните работници кои го знаат германскиот јазик ќе можат да останат во Германија до шест месеци за да бараат работа.

Германскиот парламент во петокот изгласа пакет мигарциски закони со кои се менува процедурата за добивање азил и се олеснува доселувањето за потребите на германскиот пазар на труд, пренесуваат медиумите во регионот.

Најважниот закон од пакетот миграциски закони за мене е Законот за доселување на квалификувана работна сила, рече Минитерот за внатрешни работи Хорст Сихофер, за време на дебатата пред гласањето.

Долгонајавуваниот Закон за доселување на квалификувани работници го регулира доаѓањето на работниците од земји кои не се членки на ЕУ. Според новите правила, тие ќе можат да се доселат во Германија ако најдат работа што одговара на нивните квалификации.

Полесно до виза и работна дозвола
Покрај тоа, за добивање на виза и работна дозвола нема да биде потребно занимањето на странскиот работник да биде на т.н. листа на дефицитарни занимања во Германија.

Најголемата новост е укинувањето на правилото според кое работодавачот, во случај да сака да вработи работник кој доаѓа од земја надвор од ЕУ, мораше да докаже дека не можел да пронајде соодветен кандидат од Германија и ЕУ.

Исто така, висококвалификуваните работници со познавање на германски јазик во иднина ќе бидат во можност да останат во Германија до шест месеци за да бараат работа, но нема да имаат право на социјална помош.

Построги правила за добивање на азил
Освен Законот за доселување на квалификувана работна сила, Бундестагот го донесе и Законот за заострување на правилата за добивање азил, како и Законот со кој ќе се овозможи поефикасно протерување на лица за кои не постои правна основа за престој во Германија.

Законот за азил содржи намалување на социјалните бенефиции и обврска азилантот да живее во местото кое е определено од страна на институциите.

Додека Законот за доселување на квалификувана работна сила беше поддржан од сите парламентарни групи, законите за азил и протерување наидоа на отпор од страна на Зелените и членовите на Левицата коишто сметаат дека со ова се крши уставното право на политички азил во Германија.