Вака плескавиците нема да се соберат при печење и пржење – Трик за сочно месо

ИЗВОРСкопје24
|

Кога правите плескавица или бургери во домот, има мал трик како да не ви се собере плескавицата со печењето или пржењето.
Без разлика дали е купена или пак сами обликувате смеса, во средина на месото направете мала вдлабнатина со прстот.
Така нема да се собере месото.

Ќе бидат подобри од оние по кафеани: Додадете една состојка кога правите плескавици дома

Ако сакате да правите домашни ќофтиња или плескавици, тогаш има мал трик како да имаат подобар вкус.

Ставете малку во смесата и димена сланина.Вака вкусот ќе е совршен.

Одлично знаеме дека со вкусни плескавици одлична комбинација се добро приготвени компири, прочитајте рецепт кој веруваме дека уште утре ќе го направите.

Вкусен ручек за целото семејство..

СОСТОЈКИ: 1,5 кг компири 1/2 л павлака за готвење 2 дл млеко 1 дл масло 1 кесичка супа од печурки од кесичка бибер сув зачин магдонос кашкавал по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Излупете ги компирите и исечкајте ги на кругови. Зачинете со бибер и сув зачин, па добро измешајте. Разматете супа од печурки во павлака, така што нема да има грутки, додајте млеко и масло и на крај сечкан магдонос. Наредете ги компирите во тепсија, ставете прелив и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути. Посипете со рендан кашкавал па вратете на десетина минути во рерна да се запече.

Добар апетит!